Димитар ДИМОВСКИ
На првата фотографија е зајадливиот коментар на Шилегов, после големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ на 2-ри јуни 2018 година. На следните фотографии е актуелната состојба со контејнерите во градот Скопје.
За ова предизвикување на здравствено-санитарна криза и предизвикување на општа опасност по здравјето на луѓето, секако треба да следува одговорност, согласно кривичниот законик. Адвокатот Шилегов не е неука странка и го знае тоа.
Градоначалникот Шилегов, пак, е шарлатан кој ниту работи нешто корисно за граѓаните на Скопје, ниту пак го интересира да си ја работи работата. Предвреме му завршил мандатот.