ОМО Илинден Пирин

Годината е 1952 – Нити Бугарија нити Баи Тошо не знаат на каде ќе дувне ветрот – архивите се достапни за бугарските автори и историчари, па така Дино Ќосев, ја пишува книгата ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ (нема Преображенско!).
Користејќи ги документите човекот запишал за што се бореле Гоце Делчев, Ѓорче Петров и другите раководители на организацијата = САМОСТОЈНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА!

Исто така запишал дека се бореле и против Фердинадовите слуги (Гарванов, Цанков, Сарафов, Христо Матов), кои биле спроведувачи на идејата за присоединување на Македонија кон Бугарија, односно го користеле параванот наречен АВТОНОМИЈА, како чекор за присоединување кон Бугарија, а за истото не се борела МРО/ТМОРО/ВМОРО.

Дино Георгиев Ќосев е роден во Кукуш 1901, а починал во Софија 1977 година. Бил член на БКП, но како што јасно се гледа во неговата книга Илинденско востание, јасно распознава засебен македонски народ, македонска држава, борба и над се Илинденското востание убаво е објаснето со сите негови афери, врховистички игри за да го забрзаат а со тоа осудат на пропаст целото востание и движење.