ДИПЛОМАТСКИ (НЕ)УСПЕХ ВО ОН: Ковачевски 7 дена во Њујорк трошел по 20.000 долари за ноќевање, остварил само една билатерална средба

/ 27.09.2022

Пратеникот Антонијо Милошоски преку статус на Фејсбук пишува дека дипломатски неуспех за власта, Ковачевски за 7 дена во Њујорк како премиер со цела делегација остварил само една билатерална средба, а трошел по 20.000 долари за ноќевање.

-Дипломатски туризам на Ковачевски во Њујорк

Како премиер да предводиш делегација во Обединетите Нации, каде во исто време престојуваат над 130 државници од целиот свет, и за 7 дена да оствариш само една официјална билатерална средба (со МНР на Азербејџан), е голем дипломатски неуспех. Така заврши скапо платената шанса што ја имаше премиерот Ковачевски како шеф на делегацијата на 77-то Генерално собрание во ОН во Њујорк, со патување и ноќевање кое чини најмалку 20.000 долари за владината екипа.

Исходот, трошокот и престојот на Ковачевски во Њујорк повеќе наликуваат на државно-платен фамилијарен туризам, наместо на државнички престој исполнет со многу корисни средби со странски премиери и претседатели. За жал.

Споредено со Ковачевски, хрватскиот премиер Пленковиќ не престојувал 7, туку 4 дена во Њујорк, но не остварил една, туку 5 билатерални средби на највисоко ниво: со премиерот на Канада, со претседателот на Словенија, премиерот на Норвешка, со државниот секретар на САД, како и со Претседателот на Советот на ЕУ.

Тоа е големата разлика. Хрватскиот премиер со помала делегација, помалку денови престој во Њујорк и повеќе официјални средби, додека премиерот Ковачевски обратно, гломазна делегација, долг престој во Њујорк, и само една официјална билатерална средба. Резиме: Македонија не виде корист од оваа посета на Њујорк, но битно Ковачевски го виде Њујорк, стои во неговиот пост на Фејсбук.


Од истата категорија