Зоран Заев на денешната средба со претставници на неколку национални институти во земјава ја истакнал поддршката на Владата за унапредување на научно-истражувачката дејност како императив за афирмација на културните и национални вредности на државата, соопшти владината прес-служба.

На средбата со раководителите на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за македонска литература, Институтот за национална историја, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, сите од Скопје, како и Институтот за старословенска култура од Прилеп се разговарало за унапредување на условите за остварување и напредок на научно-истражувачката работа.

Премиерот Заев и претставниците на националните институции ја потенцирале важноста на поддршката на институциите во сите витални сегменти, како што се подобрување на условите за научната работа и проектите, зголемување на високообразовниот кадар, како и нивна соработка, преку заедничка партиципација во реализација на значајни домашни и меѓународни проекти, се наведува во соопштението.