Деца од турска и македонска националност биле мета на киднаперите во Карбинци, јавува ТВ Стар.

Неуспешниот обид за киднапирање го потврдува и директорката на училиштето „Страшо Пинџур“, Наталија Костова.

-Дечињата се тука. За среќа, нема ништо од тоа. Имаше обид. Едното е од турска националност, другото е од македонска. Мотивите не ни се познати. Тука сме со полицијата, разговараме. Тоа се случи во школскиот двор. Детето се враќа назад, колата бега, рече таа за ТВ Стар.