Бојан Христовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност, добил позитивно мислење и сертификат за пристап до тајните на НАТО, дознава МКД.мк од извор во Дирекцијата за безбедност на класифицирани податоци. Ова значи дека во иднина тој ќе може да располага со сите доверливи инфомации на Алијансата.
Вообичаено, процесот за проверка на подобноста за добивање на пристап до НАТО тајните го води централата на НАТО и низ него длабински се проверува подобноста на кандидатот. Согласно методологијата, проверени биле и скандалите кои за Христовски ги објавуваше опозицијата и некои медиуми. Во македонската јавност актуелен беше случајот со сертификат за познавање на англиски јазик и вториот факултет што го завршил Бојан Христовски.
Во минатото поголем број на функционери од Македонија беа одбиени за ваков сертификат од страна на НАТО.