Извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла, во вчера изјави дека компанијата верува дека најверојатно еден ден ќе се појави варијанта отпорна на вакцина против КОВИД-19, а компанијата има воспоставено систем за да создаде нова вакцина против одредена варијанта во рок од три месеци.
„Секој пат кога ќе се појави нова варијанта во светот, нашите научници ги засукуваат ракавите“, рече Бурла за американска редакција на Фокс њуз. “Тие истражуваат за да видат дали оваа варијанта може да избега од заштитата на нашата вакцина. Се уште не сме идентификувале, но веруваме дека е веројатно дека еден ден ќе се појави една од нив”.
Бурла прецизирал дека компанијата е спосбна да развие вакцина за специфичната варијанта на вирусот за 95 дена од нејзиното идентификување.
Податоците на ЦДЦ покажуваат дека 62,5% од возрасните во САД се целосно вакцинирани против СОВИД-19, а 73,1% примиле барем една доза.
Бројни научници истакнуваат дека сегашните вакцини не само што не се целосно ефикасни, туку создаваат можност корна вирусот да мутира така што ќе стане отпорен на нив. Белгискиот научник Герт ван ден Бош, кој во кариерата три години работел и за фондацијата на Бил Гејтс, беше еден од првите кој уште пред пет месеци го тврдеше ова, велејќи дека кога немаме вакцина со која може да се сопре трансмисијата, одиме кон катастрофа и затоа треба да се прекине со вакцинирањето освен кај ризичните групи. Во спротивно, вели Бош, ќе се појави мутација кон која ќе бдеме беспомошни.
Инаку, извршниот директор на Фајзер, Антони Бурла, има плата од 1,6 милиони долари, а вкупното негово богатство се проценува на 36 милиони долари.
Во една интервју, изумителот на мНРА технологија што ја користат Фајзер и Модерна за нивните вакцини, Роберт Малоун, еден од врвните научници во областа на вирусите и вакцините, истакна дека се лажат оние кои мислат дека науката постои за нивноот здравје. Напротив, науката е трка по „моќ и пари“, изјави Малоун. Кога ќе се види платата на Бурла, тогаш нема што да се каже освен дека Малоун е во право.