Ново видео од Project Veritas се појави на интернет и се здоби со над 7 милиони потрегледи на Twitter во првите 10 часа од неговото поставување.
Видеото го покажува еден од директорите на Pfizer, Џордон Тристон Вокер, кој тврди дека неговата компанија истражува начин да го „мутира“ корона вирусот што предизвикува COVID-19 преку „Directed Evolution“ или диригирана еволуција.
Причината за желбата да се мутира вирусот, му рече Вокер на прикриениот новинар, е за да може компанијата да продолжи да развива вакцини. „Една од работите што [Pfizer] ги истражуваме е како, зошто самите да не го мутираме [коронавирусот] за да можеме да создадеме – превентивно да развиеме нови вакцини, нели? Значи, ние мора да го направиме тоа. Сепак, ако го направиме тоа, постои ризик од, како што можете да замислите – никој не сака да има фармацевтска компанија која мутира е*ани вируси“, вели Вокер.
Тој продолжува:
„Од она што го слушнав е дека [научниците на Фајзер] го оптимизираат [процесот на мутација на коронавирус], но тие одат бавно затоа што сите се многу претпазливи – очигледно, не сакаат премногу да го забрзуваат процесот. Мислам дека тие исто така се обидуваат да го направат тоа како истражувачка работа, бидејќи очигледно не сакате да се рекламирате дека откривате идни мутации“.
Вокер, молејќи го прикриениот новинар за тајност и молк околу ова, вели дека за да го направат тоа, тие намерно ќе заразат мајмуни со вирусот.
„Не кажувај никому. Вети дека нема да кажеш никому. Начинот на кој [експериментот] би функционирал е тоа што го ставаме вирусот кај мајмуните, и ние последователно предизвикуваме тие да продолжат да се инфицираат едни со други и собираме сериски примероци од нив“ (пренесувајќи го вирусот од едно на друго животно во еден забрзан процес, би се предизвикала негова мутација, забелешка на Денешен.мк).
Вокер, исто така, изрази сомнеж дека вирусот е започнат во Вухан преку човечка интервенција.
„Морате да бидете многу вниматлени за да бидете сигурни дека овој вирус [коронавирус] што го мутирате не создава нешто што оди насекаде. Што, се сомневам, е начинот на кој започна вирусот во Вухан, да бидам искрен. Нема смисла овој вирус да се појави од никаде. Тоа е глупост“, вели Вокер.
„Не треба да се прават истражување со вируси во смисла на нивна мутација. А, ние можеме да ги направиме овие мутации на структурата на вирусите за да ги направиме поопасни. Во тек е истражување за тоа. Не знам како тоа ќе функционира. Подобро да нема повеќе епидемии“, вели тој.
Директор, исто така, призна дека СОВИД-19 е „златна кокошка за готовина“ за компанијата и ќе продолжи да биде таква. „Некое време се појавуваат мутации за кои не сме подготвени. Како со Делта и Омикрон. И такви работи. Кој знае? Во секој случај, тоа ќе биде златна кокошка за кеш пари уште некое време понатаму“, појаснува Вокер.
Директорот на Pfizer, исто така тврди дека сето тоа е „прилично добро за индустријата во САД, но е лошо за сите други во Америка“. И додава како е корумпиран системот:
„Знаете ако регулаторите кои ги прегледуваат нашите лекови, штом престанат да бидат регулатори, сакаат да одат да работат за компанијата, тие нема да бидат ревносни при контролите кон компанијата во која сакаат да се вработат”.
Фармацевтскиот гигант го држи рекордот за најголема парична казна платена за тужба за измама во здравството и сè уште е вмешан во корупцискиот скандал со преговорите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за набавка на вакцини.
Набргу по објавувањето на видеото Project Veritas ги објави внатрешните документи на Pfizer со кои се потврдува дека Џордан Вокер е директор во Pfizer. На вообичаен начин на медиумот, Project Veritas најавија дека ќе објават повеќе информации во наредните денови.
По објавувањето на видеото, компанијата набрзу ги демантираше овие информации кои вообичаено не се прифатени од мејнстрим медиумите.