Директорот на Финансиска полиција, Слободан Ивановски, денеска објави дека според него, можеби најважната работа е реализацијата на поведени постапки и завршени пријави поради сомнеж за сторени кривични дела.

Од вкупно 34 пријави за 2024 година поднесени до Основното јавно обвинителство и Основно јавно обвинителство за сузбивање на организиран криминал и корупција, со вредност од 920 293 788, денари, од кои во четирите месеци откако сум на функцијата како в.д. директор на Управата поднесени се 22 пријави, со вредност од 614 396 321 денари оштетување на државниот буџет, односно пари на граѓаните кои се даночни обврзници.

Во овие постапки биле опфатени сите кои се огрешиле пред законот, независно дали биле или се највисоки функционери или стопанственици, кои одлучиле да ја измамат државата.

Пораката е јасна, секој кој не го почитува законот, ќе одговара, вели Ивановски и додава дека „со овие премиси, ќе продолжиме да делуваме и во следната 2025 година, која сум убеден дека ќе биде уште поуспешна“.