Ја уверувам јавноста дека ќе се расветлат сите околности за бегството на затвореникот Беким Мехмети, вели за ТВ Аласат, директорот на Затворот Идризово, Шпенд Таири.
Филмското бегство на затвореникот Мемети од затворот доведе до суспензија на 4 полицајци, меѓу кои и командирот Срѓан Димитријевски и директорот на Управата за извршување на санкции Маријан Спасовски.
Министерот за правда Никола Тупанчевски најави дека отпуштањата нема да завршат тука, туку на оваа листа може да се најде и директорот на затворот Идрозово. Тој во писмена изјава за Алсат вели дека не очекува да добие отказ, и се надева дека бегалецот ќе биде фатен што поскоро.
– Ја уверувам јавноста дека ќе се расветлат сите околности за бегството на затвореникот и по констатирање на евентуална одговорност на службите под директна надлежност на Затворот Идризово ќе бидат преземени соодветни мерки. Надлежните институции постапуваат брзо и се надеваме дека бегалецот нема да успее во својата цел да избегне издржување затворска казна. Што се однесува до изјавата на министерот Тупанчевски, јас лично не се гледам себеси во неговата изјава, вели Таири за ТВ Алсат.
Иако извори на Алсат велат дека партнерот на владината коалиција, поточно Алтернатива, не се согласува со разрешување на директорот на Идризово од редовите на оваа партија, Шпенд Таири, првиот човек на Министерството за правда вчера преку изјава не ја отфрли неговата смена од функцијата.
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.