ДИРЕКТОРОТ НА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ШТИП: За еден месец си заминаа 30 души, во моментов работиме со 100 помалку од предвиденото

/ 23.02.2023

Недостиг на лекари, медицински персонал, хигиеничари, но и друг стручен кадар е еден од најгорливите проблеми, кој веќе една деценија се провлекува низ македонскиот здравствен систем.

Во Клиничката болница-Штип за само еден до два месеци си заминале 30 вработени. Во моментов, болницата работи со сто вработени помалку од предвидената бројка или тоа се сто испразнети работни места, вели за МИА директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Ѓеорѓијев.

Најкритично е на Одделението за анестезиологија кое за еден месец ќе функционира само со тројца анестезиолози. Лекари специјалисти недостигаат и на Ортопедија, Интерно, Очно, Инфективно, а медицински сестри, болничари и хигиеничари недостигаат на сите одделенија.


Од истата категорија