Сојот омикрон на коронавирус, кој би можел да зарази 60 отсто од Европејците до март годинава, започна нова фаза на пандемијата на Ковид-19 во регионот и може да се доближи до крајот, изјави директорот на СЗО за Европа.
– Можно е регионот да се приближува кон крајот на пандемијата, изјави Ханс Клуге за агенцијата Франс прес, повикувајќи на претпазливост поради варијабилноста на вирусот.
Клуге рече дека кога бранот со омикрон ќе стивне, ќе има глобален имунитет со недели и месеци, или поради вакцината или затоа што луѓето се имунизирани со тоа што се заразени, а исто така и поради сезонскиот пад на инфекцијата.
Сепак, Клуге нагласи дека се уште не сме во фаза кога станува ендемично заболување.
– Ендемично значи дека можеме да предвидиме што ќе се случи, овој вирус изненади повеќе од еднаш, затоа треба да бидеме многу внимателни, рече тој.
Во регионот на Европа со 53 нации, омикрон сочинуваше 15 отсто од новите случаи на ковид на 18 јануари, над 50 отсто повеќе од минатата недела, според Светската здравствена организација.
Во Европската унија и Европската економска област, овој вид, кој се појави на крајот на ноември, е позаразен од делтата и сега е доминантен, според Европската здравствена организација.