Директорот на топланата Скопје Север, Куштрим Рамадани, во телефонски разговор со пцовки и навреди ѝ се обраќаше на новинарката на МКД.мк Катерина Додевска, која ја работеше темата за дозволите на топланата. Откако беше консултиран и коректно му беше пренесена изјавата во објавениот текст дека топланата Скопје Север работи на мазут, но без дозвола, се јави и наместо да реагира за својата изјава, со пцовки и со висок тон ѝ се обраќаше на новинарката на МКД.мк. Пцовките, викањето и заканите од Рамадани се пријавени во новинарските здруженија, а во продолжение ќе следуваат истражувања за спорното работење на топланата Скопје Север, пишува порталот.
Разговорот во кој директорот неколку пати ја пцуе новинарка
Г. Рамадани: Кај пишува дека работиме на своја рака?!
Новинарката: Ви кажувам дека како што Ве консултирав Вас, ги консултирав и од Град Скопје, од другата страна.
Г. Рамадани: И што?!
Новинарката: Како што? Вашата изјава дали е во ред?
Г. Рамадани: Дека работиме на своја рака?!
Новинарката: Вашата изјава дали е во ред?
Г. Рамадани: Мојата е во ред, кај кажав дека работиме на своја рака, пи*ка ти материна!
Новинарката: Молам?
Г. Рамадани: Кај пишува дека работиме на своја рака?
Новинарката: Јас не сум Ве цитирала во Вашата изјава дека Вие кажувате дека работите на своја рака?
Г. Рамадани: Насловот, од кај го извадивте тоа, пи*ка ти материна.
Новинарката: Господине Рамадани…
Г. Рамадани: Матер ти еб*м…
Новинарката: Значи, во Вашата изјава не пишува такво нешто и Вашата изјава е пренесена како што треба. Насловот е цитиран од друг извор.
Г. Рамадани: Ви плаќаат таму да пишувате, ве плаќаат, ве плаќаат!
Новинарката: А кој ме плаќа мене? Кој Ви дозволува на Вас како директор да се обраќате со пцовки кон новинар?
Г. Рамадани: Ве плаќаат!
Новинарката: Како може да се обраќате со пцовки кон новинар кој коректно Ви се јави и Ви пренесе изјава?
Г. Рамадани: Коректно, Вие сте коректни?!
Новинарката: Да, точно, ние сме коректни?
Г. Рамадани: Ти си коректна?!
Новинарката: Да, точно. Изјавата прочитајте ја, во неа ниту еден збор, ни додаден, ни одземен, од Вас е. Во текстот, во насловот односно…
Г. Рамадани: Кај пишува дека работиме на своја рака, од кај го земавте тоа?
Новинарката: Од брифинг од друг извор, кој немам обврска да го откријам.
Г. Рамадани: А бе кои сте вие да пишувате таков наслов?!
Новинарката: Ние го пишуваме насловот врз основа на наши извори.
Г. Рамадани: Ќе ве тужам, да знаете!
Новинарката: Ако мислите дека имате основа за тужба, слободно.
Г. Рамадани: Не мислам, 100 посто!
Новинарката: Добро, во ред.
Г. Рамадани: Ќе видиш, ќе видиш!
Новинарката: Какви се овие пцовки и закани?
Г. Рамадани: Ќе видиме, ќе видиме, да знаеш!
Во нашата држава последното истражување на ПИНА покажа дека над 80 отсто од новинарките се соочиле со вознемирување.