Ковачевски очигледно има проблем со реалноста. Розовите очила му сметаат да види дека Македонија е пред економски и социјален колапс поради лошите политики на неговата влада. Македонија има најниска стапка на раст на БДП според прогнозата на Светска Банка, а од нас полошо ќе ја завршат годината само Русија и Украина, реагира ВМРО-ДПМНЕ на ставот на Ковачевски дека избори ќе има во 2024 година и дека на тие избори ќе се повтори случајот од Маврово Ристуше каде СДСМ победи.

Македонија и една од највисоките стапки на инфлација која последниот месец достигна 20% што е убедливо најлош резултат во споредба со земјите од регионот.

Македонија е во топ 10 земји во светот според стапката на инфлација на прехранбените производи, што е уште еден показател дека кај нас како никаде на друго место граѓаните осиромашуваат.

Македонија е на дното по странски инвестиции во споредба со земјите од регионот, односно кај нас дошле, два до три пати помалку странски инвестиции по глава на жител во споредба со Албанија, Србија и Косово.

Македонија е земја во која владата нема пари за инфраструктура, земјоделство, образование, стопанство, ама затоа има да исплаќа милиони за функционери паразити.

Ете ова е реалноста од владеењето на Ковачевски. Ковачевски може да бега од избори, ама нема да избега од изборниот пораз. Граѓаните катастрофално ќе го казнат за неговото катастрофално владеење, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.