Најновото префинето одморалиште на Нов Зеланд, хотелот Линдис, сместен во Ахурири Долината, претставува одличен пример на „див“ луксуз.
По 2,5-часовно возење од Квинстаун и исто толку долго уживање во пејзажите на дивината, се стигнува до хотелот, кој заедно со целото земјиште зафаќа површина од 2.500 хектари, и се наоѓа на самиот раб од националниот парк Ахурири. Така, местото изобилува со снежни планински врвови, шуми, мочуришта и тревници.
Во смисла на рекреација, Националниот парк нуди: риболов, јавање коњи, електровелосипедизам, планинарење и прошетки со или без водич. Навечер, главна „атракција“ е опуштено набљудување на ѕвезденото, ведро и, најважно од сѐ – незагадено небо.
Гастрономијата пак, која е прилично обилна, се одликува со локални специјалитети и вински подрум со богат избор вино.