Дизелот ќе се продава по 81 денар за литар. Цената за моторните бензини, пак, останува иста

Цената на бензинот од полноќ останува иста, додека на дизелот се зголемува за четири денари по литар, а екстралесното масло за домаќинство ќе се продава поскапо за 2,5 денари, одлучи попладнево Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 1,238 денар за килограм.

Со денешната одлуката максималните цени на нафтените деривати ќе бидат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 79 денари за литар;
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 81 денар за литар;
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 81 денар за литар;
Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) – 78 денари за литар;
Мазутот М-1 НС – 53,592 денари за килограм.

СПОД