Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница ги одби петте приговори поднесени од генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, како партија, учесник/организатор на изборна кампања.
Првиот приговор е против Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, другиот против градоначалник на општина Гази Баба, Скопје, а третиот против градоначалник на општина Шуто Оризари. Четврдиот приговор поднесен до ДКСК е против градоначалник на општина Кисела Вода, а петтиот против градоначалник на Град Скопје.