Петмина гостиварци во текот на вчерашниот ден побарале медицинска помош заради напад и каснување од кучиња-скитници.

Од СВР Тетово потврдија дека во Полициската станица Гостивар Л.З.(68), С.С.(61),П.Ј.(24),Е.С.(57) и Б.А.(62), сите од Гостивар, вчера (2 мај) пријавиле напад од кучиња. Нападите се случиле утрото помеѓу 8.00 и 9.00 часот во близина на спортската сала во Гостивар, во паркот и на паркингот.

Иминатава недела, бројот на нападнати граѓани од кучиња бездомници во Гостивар надмина десет.