Пратеникот од редовите на владејачката СДСМ, Зеќир Рамчиловиќ, пред неколку дена на својот Фејсбук профил објави дека неговиот син е еден од новопримените 590 полициски службеници во МВР.

Откако Рамчиловиќ, еден од осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кој гласаше за уставни промени и подоцна на вонреден извршен комитет веднаш беше исклучен од партијата, ја објави веста за вработувањето на синот, опозициската партија побара ДКСК да отвори случај по допрен глас.

Антикорпуциска тоа веќе го сторила бидејќи според неа постои сомнеж дека политиката вмешала прсти во случајот.

Во меѓувреме реагираше и опозиционата партија.

Зеќир Рамчиловиќ треба да одговори дали од позиција на пратеник на СДСМ, издејствувал членови на неговото семејство да добијат две вработувања во МВР во рок од 3 години, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Дали овие вработувања на сопругата и синот се резултат на неговото гласање за промена на името и на бугаризацијата?

Како тоа во услови на илјадници други невработени лица, токму неговата сопруга и неговиот син биле најкомпетентни за овие вработувања во МВР?

Во услови кога огромен број Бошњаци во Македонија, но и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми и останати едвај врзуваат крај со крај, за семејството на Рамчиловиќ нема зима.

Тој добива народни пари како пратеник, а тие добиваат народни пари како нововработени во МВР. Изгледа рецептот е “Зеќир гласа како СДСМ ќе му каже, а Спасовски вработува негови најблиски“. ДКСК треба да се позанимава со овој случај и да поведе истрага. Овде постои основано сомнение за злоупотреби и влијание“, се вели во соопштението