Државната изборна комисија (ДИК) информираше дека до 13 часот излезноста на претседателските избори е 20,73 отсто.
На 3841 гласачки места за шест и пол часа гласале 359.024 из 20,73 проценти гласачи на цела територија на Македонија.
Најмногу гласачи до 13 часот излегле во Крива Паланка 39,69, Крушево 34, Прилеп, 33, 84 проценти, Кратово, Гевгелија и Берово, сите над 30 проценти.
До 13 часот најмалку гласале во Желино, Врапчиште и Боговиње околу шест проценти.
За споредба во првиот круг гласање за претседателски избори до 13 часот била 20,05 отсто.
Цензусот за успешни избори е 40 отсто.