По 30 до 40 минути се чека на граничните премини за влез и излез од државата, а интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ.

Иако собраќајот се одвива по суви коловози, се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.