По повод официјалниот почеток на градежните активности на делницата Прилеп – Битола како дел од Коридорот 10д, надлежните оценуваат дека е мал бројот на македонски работници кои до сега аплицирале за вработување во конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на патните коридори во земјава.

Бехтел и Енка во моментов разгледуваат 360 сивија од македонски граѓани од сите различни профили. И тоа е малку, бидејќи во моментов на конзорциумот му се потребни 2.000 работници – истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Планот е да се организираат саеми за вработување за да се најдат работници.

До сега саеми за вработување се одржаа во Тетово, Гостивар и во Битола. Вакви саеми ќе бидат организирани и во други градови од државата со цел да бидат пополнат позициите.

Во текот на продолжување на градбата на автопатските делници, потребата од работници ќе се искачи до 8.000 работници на патните правци кои што ги работи „Бехтел и Енка“.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска по повод официјалниот почеток на градежните активности на делницата Прилеп – Битола како дел од Коридорот 10д, оцени дека е мал бројот на македонски граѓани кои до сега аплицирале за вработување во конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на патните коридори во земјава