Заклучно со вчера до 20 часот, во земјава се попишани вкупно 951 151 граѓанин, 297 089 домаќинства и 402 768 станови, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС).
Од дијаспората, пак, досега се попишани 193 370 лица.
Пописот започна на 5 септември, а треба да заврши на 30 септември. На последната прес-конференција, директорот на ДЗС, Апостол Симовски, рече дека се задоволни со динамиката со која се спроведува пописот и оти очекуваат на крајот од месецот да кажат дека оваа статистичка операција успешно завршила.