Македонската православна црква и нејзините верници на 17. мај во четврток ќе го празнуваат празникот Спасовден. Спасовден е еден од десетте празници посветени на Господ Исус Христос кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Света Тројца (Духовден) и секогаш е во четврток.
Оние кои го слават Спасовден колат јагне, а според народните верувања се верува дека мажите на овој ден не смеат да се бричат, а жените да се бањаат.
Исто така се верува дека на Спасовден не се спие преку ден за да не ја преспиете целата година.