Снег на планините, поројни врнежи наместа пообилни проследени со ветер над 70 километри на час, најавуваат метеоролозите за утре.
Од УХМР информираат дека утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни над 20 л/м2 проследени со силен ветер над 70 км/час. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.
Соопштуваат дека поради продор на многу студена воздушна маса од север утре попладне ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови и ќе услови значително заладување. Во деновите од викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег. На планините ќе се зголеми снежната покривка.
Утринските температури на места ќе се спуштат и до минус 12 степени, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.