За нас е важно тоа дека во Албанија има лица кои се изјаснуваат како Бугари, вели во интервјуто за Бугарското национално радио (БНР), доц. д-р Спас Ташев од Бугарската академија на науките (БАН) и автор на книгата „Бугарите во Албанија“.

– Точниот број во моментов не се знае. Но, од геополитичка гледна точка на Балканот, кога една наша соседна земја тврди дека на нејзината територија нема Бугари, а на запад од нејзе има Бугари, очигледно е дека Скопје греши во тие тврдења. Не е возможно во Бугарија да живеат Бугари, во Албанија да живеат Бугари, а во средината да нема ништо, вели Ташев.

Тој оваа изјава ја дава во врска со пописот во Албанија, како што вели, прв по 2017 година откако Тирана официјално го признава бугарското национално малцинство.

– Веднаш по објавувањето на на пописот (во Албанија), следниот ден, во Скопје се објавени информации дека во Албанија нема Бугари, вели Ташев.

Тој натаму додава дека „Скопје се обидува да го одземе правото на Бугарите во Албанија да декларираат бугарска етничка припадност“.

Целото интервју може да го прочитате ТУКА.

(Подготви: Д. Г.)