Пресудата одекна за јавноста и луѓето што не знаеа дека имав таков спор пред Судот за човекови права во Стразбур. Апликацијата ја поднесов во мај 2018-та година и постапката траеше цели 5 години и претходеа неколку фази, истакна Елена Доцевска Божиновска во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.
Таа истакна дека оваа битка е добиена, а ни претстојат уште многу битки се до конечно ослободување на неправедно осудените лица за 27ми април
– Пресудата е таа која ми прави сатисфакција од многу причини. Пресудата е потврда за тоа што го зборуваме цели 5 годни дека процесот е политички монтиран од самиот почеток. Дека државата и власта злоупотребија институции и човековите права во текот на тој процес, кажа Доцевска Божиновска.
Таа е силно уверена дека после оваа пресуда ќе следат уште многу вакви пресуди во кои ќе бидат нотирани и дека сегашната власт имаат прекршено и направено сериозни повреди врз човековите права.
– Пресудата е еден печат на сето тоа што го кажуваме 5 години дека се работи за најголемиот срам во македонското правосудство и е печат на една постапка која без оглед на се никогаш да не се повтори, децидна е Доцевска Божиновска.