Околу 250 демонстранти, меѓу кои и некои маскирани, се собраа пред Музичката сала во Солун, во знак на протест против договорот, со кој северниот сосед на Грција ќе се преименува во „Северна Македонија”, пишува „Катимерини“.

Протестот пред Музичката сала се одржува поради посетата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос на концерт во чест на холокаустот.

Претходно, демонстрантите се обиделе да ги  пробијат полициските редови околу зградата, но биле турнати назад. Се користеше и солзавец, информира „Катимерини“

Маскираните демонстранти пристигнаа подоцна, поставувајќи барикада со користење на канти за отпадоци и фрлена новогодишна елка.

Демонстрантите му се лути на Павлопулос поради тоа што тој не презема ништо во врска со договорот, иако Уставот му дава малку надлежност на претежно церемонијалниот претседател.

Анкетите покажуваат дека мнозинството Грци се противат на т.н Преспански договор, кој сега е ратификуван од двете земји. Чувствата особено се нагласени во грчката северна провинција Македонија, каде што перцепцијата е дека соседот на север не само што сака да го украде древното наследство на Грција, туку и може да пристапи кон територијални претензии кон Грција, пишува „Катемирени“.