Неодамнешната слава на Бугарија како извозник на струја, која ги спасува дури и соседните земји, е разоткриена од почетокот на оваа година, пишува бугарскиот портал 24 часа.
Според порталот, во четвртокот во 16 часот и 45 минути Бугарија увезла 1.316 мегавати струја од сите соседи. Тоа е близу 25% од потрошувачката на земјата, која во тој час изнесувала 6166,21 мегавати. Максималната потрошувачка во најстудените денови достигнува над 7.000 мегавати. Најголемиот увоз бил од Романија – 569 мегавати.
Помеѓу 116 и 279 мегавати дошле од Грција, Србија, Турција и Македонија. Трендот на голем увоз на струја започна на почетокот на годинава. За првата недела тоа беше за 14.682 мегават часови повеќе од извозот. Споредено со претходната година, падот на извозот изнесува 109,58%, пишува 24 часа.
Увозот на струја не е затоа што Бугарија нема капацитет, туку затоа што струјата што ја произведува е поскапа во одредени денови и часови, кога „другите можат да произведуваат од соодветните извори, а потоа струјата се увезува на пазарот бидејќи е поевтина“, вака изјавил бугарскиот премиер Николај Денков, одговарајќи на пратеничко прашање во тамошното Народно собрание.
Тој бил запрашан од пратеникот Драгомир Стојнев од „БСП за Бугарија“ зошто на почетокот на јануари годинава Софија увезува од Република Македонија и Турција.
-Бугарија е дел од регионалниот пазар и мора на најбрз и најефикасен начин технолошки да ги обнови своите капацитети за да биде конкурентна со соседите, нагласил тамошниот премиер.
Зачудува податокот дека Македонија има поефтина струја од Бугарија и ја извезува во тек на дневните часови кога потрошувачката и овде е голема, додека на своите граѓани кои се греат ан струја и ќе потрошат над 1000 кв/ч им ја наплќа и по 16 денари за потрошен кв/ч.