Министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Република Грција, Никола Димитров и Никос Коцијас во недела во регионот на Преспа ќе го потпишат конечниот договор за решавање на македонско – грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство помеѓу двете земји, соопшти денеска прес центарот на Владата.
На потпишувањето на договорот ќе присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Настанот, како што информираат од прес центарот на владата, е поделен на два дела, и тоа првиот во Република Грција (потпишување) и вториот во Република Македонија (средба и заеднички ручек).
Точните локации и времето на реализација на активностите предвидени во рамки на овој настан дополнително ќе бидат објавени.