Министерството за внатрешни работи информира дека лажни се пријавите за наводно поставена експлозивна направа во Уставниот суд и аеродромот во Скопје.
-МВР ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиена порака на електронска адреса со закана за поставена експлозивна направа во Уставен суд и аеродромот во Скопје, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информира МВР.
Од страна на полициските службеници веднаш се преземени соодветни мерки и извршени се детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.