Приредила: Јованка КЕПЕСКА
Во еден од приложените трудови на Круме Кепески „Признанија од туѓи писатели, историчари од 9-19 век за Македонија и нејзиното население и граници“, во книгата „Необјавени страници од оставината на Круме Кепески“, поместени се сознанијата на афирмираните писатели во светската научна литература од 9 ти век, од времето на создавањето на македонскиот народ до актуелните векови на нашето живеење, за македонската самобитност, македонскиот јазик и името Македонија.
Овој труд во ракопис од Круме Кепески трајно претставува изворен материјал за историјата и етнографијата на Македонија. И да биде основа и за идните македонски генерации за запознавање и толкување на презентираните сознанија за Македонија и Македонците. Презентираните сознанија во таков најголем обем имаат посебната вредност затоа што ги побиваат актуелните претензии за негирање македонскиот народ и македонскиот јазик.
Вообичаено се претпоставува дека податоците кои се однесуваат на нашиот развој како народ, како и на јазикот, се познати во стручната јавност. воопшто. Но, мало е обнародувањето на вршените анализи врз широкиот спектар на изворите на суштинските ставови за овие прашања, пред јавноста. Познавањата на пошироките сознанија отсуствуваат кај досегашните генерации. Би бил огромен пропуст и младите генерации, да останат неупатени за прашањата кои сутински го определуваат нашиот, македонски, идентитет и градат аргументирана одбрана од напади на идентитетот, што, очигледно, сеуште е потребно.
Круме Кепески, образуван во славјанска филологија, добар познавач на историјата на македонскиот народ и на историските белези на македонскиот јазик, ерудит, го познава францускиот јазик, определен е да збира материјали за границите и за териториитее во кои живее македонскиот народ, во Македонскиот институт и во библиотеките во Софија, од 15 септември до декември,1944 година, во пресрет на мировната конференцоја која требало да се одржи по завршетокот на Втората светска војна во Париз. Кога е настанат овој ракопис.
Наводите во изворите не упатуваат на сознанијата за создавањето на македонскиот народ, за афтентичноста на македонскиот јазик кај огромон број научници, дипломатски и црквени претставници, но и на сознанија кои се стекнуваат во етнографски стутии, патеписни прикази, статистички податоци и карти. Еден од најдобрите стручњаци за средновековниот период, проф. д-р Александар Атанасовски, како рецензент на трудот, укажа на пристапот на Круме Кепески дека е до самите оригинални дела на цитираните автори, што ја зголемува вредноста на приложените сознанија. Кои се добра основа за извлекување на заклучоци за создавањето на македонскиот народ и неговиот јазик, неговата етничка територија како научна основа за нашата историска вистина.
Иако интенцијата е да се соберат податоците за македонското население и за територијата на која тоа живее во трудот неминовно опфатени се податоците за македонскиот народ, македонскиот јазик и за името Македонија, во различни историски периоди од 9 до 19 в.
Согласно прикажаните ставови и податоци се заклучува дека на територијата на Македонија е создадена засебна етничка творба кои имаат посебен јазик. Претпоставени и со оглед на природната поврзаност на македонскиот народ со територијата како природно- правен пристап присутен во македонските научни трудови.
Во текстот од кој ги црпиме изворите најпрвин се претставени исказите на многубројните Византиски (грчки) писатели. Исказите, иако се дадени во оригинал на грчки или старословенски јазик и во превод на македонски јазик, овде се застапени само според преводот на македонски јазик.
Најпрво се укажува на распространетоста и на времето кога тоа се одвива, на словенското население на територијата Македонија.
Најпрво, Константин Порфирогенет, византиски цар од 10 век, кажува дека „Се пославјани целата (се мисли на грчката земја – заб. К. К.) и стана варварска“ (се мисли славјанска – заб. К. К.));
Веќе во „Житието на св. Методи“, императорот византиски Михаил Трети, во 862 год., кога ги повикува Кирила и Методија и кога им вели тие да заминат за Моравија, уште им вели: „Вие сте Солуњани, а Солунчани сите чисто славјански говорат“, дава значаен податок за предоминантноста на словенското население.
Според Теофилакт, охридскиот архиепископ, по народност Грк, во неговото „Житие на Климент Охридски“, од крајот на 11 век, за Кирила и Методија пишува: „Но, бидејќи Славјанскиот род не ги разбираше, напишаните на грчки јазик, книги, тие свети мажи гледаа како на голема злочест“.
Истоветно, Јован Скилица (11 век) за востанието на Петар Делјан (Демјан, заб. на К.К.), во 1040 година, во Скопје и Солун, вели: „Во таа година (1040) Славјаните дигнале востание“. Истовремено кажува дека, истата година, норвешкиот војвода Харалд им помогнал со својата војска на Византинците за да го загушат востанието во Македонија до Солун и дека во скандинавските песни се опишува и воспева Харалд како загушувач на Славјанското востание.
Опфатени се следните наводи: дека во 11 век Василиј II Македонец го нарекува Костурскиот епископ „Прв меѓу подвластените на Охридскиот бугарски Архиепископ; и дека самиот Костурски митрополит се титувал како „Егзарх на цела стара Бугарија“. (Називот стара Бугарија е различен од државата Бугарија – н. з.).
Од особен интерес се сознанијата за владеењето на царот Самоил, па се наведува бугарскиот историчар од крајот на 19 и почетокот на 20-тиот век, Васил Златарски кој во „Македонски прилози“ говори за Воден како за престолнина на царот Самоил.
Значаен е податокот за тоа кои биле македонските племиња во „Житието на св. Димитри Солунски“ така што, кога се говори за нападот на на Славјаните во 676 год. се наведуваат нивните имиња и се употребува веќе и терминот народ. Наводот е следниот: „И така се случи, во време на епископството на светопомолитвелниот Иона, се подигна славјанскиот народ: Драговити, Сагудати, Бабуни, Брзјаци и други и тргнаја на Солун“.
Овој навод е значаен за социолошкиот заклучок дека македонските племиња веќе биле во фазата, кога поврзани, прераснуваат во македонски народ. Што говори за раното создавање на македонскиот народ.
Потврда за Македонија и нејзиното славјанско население во областите, кои сега се под Грција, се наведуваат уште кај следните византиски писатели: Иоан Маллала, хроничар (10 в.); Моон Камениат (904 год), родом од Солун; Кекавмен (1067 год.); Ана Комнен, која 1073 год. говори за „српско – беломорска етнографска граница“; Никита Хониат (1198 г.); Хоматијан (13 в.); Никифор Григора (1326 г.); Теофан, Каваси Н. Акоминат; Кедрин со „Грамоти на Романа Стари“; Василиј Македонец Втори; Андроник Палеолог; Т. Акрополит (1225 г.).
Податоците говорат за статусот на црквата и на црквените великодостоинственици во релацијата со македонскиот народ и Македонија.
Проф. В. Григорович (Русин), кој, во 1845 год., го посетил битолскиот митрополит Герасим дава податок дека митрополитот му расправил за старата титула на Пелагонискиот митрополит дека била: „Егзархис пасис а но Булгарие“, но, дека, сега, во ново време, Бугарија е заменета со Македонија.
Во еден ракопис од 15 век, под број 12 38 на Bibliotteque Nacionale du Paris, се вели дека Григори Акиндин, Солунски архиепископ, бил „по род Мизиец“ ( т. е. од Прилеп заб. на К. К.).
Се наведуваат и ставовите кај новогрчките писатели: Географ Мелетиј (17 век); Атанасиј Пароски, дека во книгата „Урану Крисис“, вели: „Солуне, тебе ти се предлага благодарност од сите Славјани во покраината Македонија“ (за Кирил и Методија) (1795, 1805, 1850); Атанасиј Стамрски (1819); Николај Лоренти (1838); Диожен Пиру (1834); Н. Агоритис (1819); П. Аравантинос (1859-67); Ст. Спитару, 1856 г.
Славјаните карактеристично е дека се именуваат и како „Славофони“. Атан. Калкилопуло, како секретар на грчкиот конзулат во Скопје, во книгата печатена во Атина, 1913 год., Славјаните во Грција ги наведува како „Славофони“. Помешувајќи ги притоа верата и народноста. Со истиот назив се нарекуваат и во грчкиот весник „Неа имера“, од 1. XI 1914 г., каде се вели, очигледно да се изнегира македонскиот народ: „Нема почисти Грци од „Славофоните“. Но, еден грчки војник, на служба во село Несрама (Костурско), во весникот „Еллас“, 10, 1913 г., сепак, пишува дека: „На учениците им се забранува да си говорат на мајчиниот славјански јазик“.
За прашањето на населбата на Славјани во Македонија и до каде тие се простираат соопштуваат и чешките научници: Шафарик, Нидерле и Иречек. Како и Србинот Ст. Станоевиќ .
За населувањето на Славјаните во Македонија тврди и Ерменската географија на псевдо – Мојсеја Хоренски од 670-680 год.Определувајќи ги и границите на Македонија, во 1857 година, во историско-географската книга, во 2 тома, излезена во Атина, од П. Аравантинос, вака: „Родопи кон Тракија, Шар-планина од кон Бугарија и Србија, Олимп и Хасовете (Камвуница планина) од кон Тесалија и Пинд од кон Епир.“
Наведен е и податокот дека „во Пелагонија е расположен новиот град Битола, со 20.000. Неговите христијански жители говорат главно (болгарски) славјански.“ (Употребен е називот славјански а во заграда бугарски – н. з.). Како и податокот за: „Негуш – 2000 души од славјански род“ и „Исто и во Леринско, Серфиџенско, Преспанско и Охридско“.
Докторот Едвард Браун, од Лондон, 1673 год., ја наведува границата помеѓу Србија и Македонија, според Ст. Новаковиќ , од 1667 година.
А српскиот патријарх од 18 век, Васил Беркиќ, 1771 г., дека говори за ополчарскиот јазик (западно-славјанскиот – н. з.) во Серез – Македонија.
И познатиот турски историчар и географ Хаџи-Калфа, роден во Цариград, (во 17 в., умрел во 1655 година) во делото „Руменија и Босна“ пишува: „Хрупишта, до брегот на Костурско езеро, 2ч. раздалечено од Костур, во соседство лежат казите: Костур, Билица и Населица. Жителите се (бугари) Славјани. Наоколу лежат Костур, Горица (Корча), Преспа, Хрупишта. Жителите се Бугари и Албанци.“
Кај писатели од 19 век и понатаму ги најдуваме наводите:
Во 1801 год. конзулот на Франција, Пуквил, при Али паша Јанински, пишува за славјанската облас која ги опфаќа селата Пјакос, Дупјари и Ланга до Костурското езеро. Како добар познавач на Јужна Македонија, и францускиот конзул во Солун, од 1773-79 и од 1786-93 год., Кузинери, пишува дека Славјаните продолжуваат да се населуваат во планините и полињата каде што некогаш се населиле како победители, во полето покрај Солун, Воденската епархија, Постол – Пела.
Вук Караџиќ, 1927 г. зборува за границите на Србија од Шар планина до Сава и Дунав и од Стара планина до Дрина и Лим.
Францускиот научник Ами Буе, кој патувал во Европска Турција, во 1836-78, дека под името „Македонија тој ја разбирал земјата меѓу Шар планина и Рила, од Шар планина до Грамос, реката Бистрица, Бело море и реката Места на Исток. Качаник е: вратата на Македонија“ (Porte de la Macedoina II, стр. 339). Според неговата карта во Македонија влегуваат: Костур, Охрид, Дебар, Тетово, Воден, Сер до реката Места.
На истите граници упатува и Германецот, проф. Гризебах кој патувал во Македонија, во 1839 година.
Англиските филантропки мис Мекензи и мис Ерби, во 1863 год., патуваат во Македонија. Пишуваат дека Солун припаѓа на „онаа страна (Македонија) во која населението зборува славјански…Тој е на границата која го дели Славјанското население од Грчкото …но населението се спушта за Французинот Лежан неколку милји на југ“. Според нивната карта границата на Македонија е: „Шар планина на југ до Охридското езеро, ги опфаќа Скопје, Тетово, Дебар, Струга, Охрид, Сачиште до Костурското езеро, до Островското езеро и слегува до устието на Вардар, опфаќајќи ги Воден, Ениџе-Вардар, минува малку на север од Солун и оди до Сер“.
За јужните делови од Македонија и за словенското население и французинот Лежан пишува статија на француски и германски јазик, во 1861 год., откога патува во европска Турција, во 1857-8 година.
Притоа рускиот монах Партениј кој патувал за Света Гора, во 1839 година, во книгата „Сказание о странствија и путешествија“, за Сер, вели: „Сиромашните Славјани се притиснати не само од турскиот јарем но и од Грците“.
Рускиот славист Виктор Григорович кој патува по Македонија 1844-45 во своето дело „Очерк путешествија по Европ. Турцији“, второ издание, Москва , 1877 година, исто така, говори за славјанското население во Воден и Острово, близу до езерото.
Според првиот славјански етнограф Павел Јосиф Шафарик границата на Македонија е „Од Дрим до Охридско езеро, продолжува на југ, кога ги вклучува Билица и Костур, Влахо-Клисура, слегува до Солун, минува на север преку Негован, Рупел и врви на исток до р. Места“.
Рускиот научник Гилфердинг исто така патувал по Македонија. Како и Англичанецот Тозер, кој патувал неколку пати, 1853, 1861, 1865 и во 1869 година, по Македонија. Тие говорат за славјанското население како најголем дел од христијанското население населено од Солун до Албанија. За славјанското население Гилфердинг кажува дека: „…се многу интересен народ кој го одбележуваат трудољубие и чесност“.
За словенско население на Солунскиот санџак во 1869 год. пишува и Карл Сакс.
Бугарскиот револуционер Марин Дринов, 1849 год., според Ѓ. Даничиќ, исто така, говори дека во солунско населението е словенско.
К. Герсин (по Н. Жупанчиќ) во делото „Македонија и турскиот проблем“, 1903 зборуваат изрично за природните граници на Македонија од Исток – Југ – Север – Запад.
Професот А. Иширков, во 1908, говори дека на Македонија ñ се дефинирани границите.
Проф. М. Робев пишува за географска и етнографска Македонија; А. Шопов како рецензент на „Едно патување“ од францускиот писател Кузинери, 1907 г., ги дефинира северната, западната и јужна етнографска и политичкоадминистративна граница на Македонија;
Ст. Ивановиќ говори за северната граница на Македонија; дадени се и границите според Берлинскиот договор, 1878 година.
Професорот од Москва, А. М. Селиштев, кој патувал по Македонија три пати, 1914, 1918 и 1929 година, според „Македонски преглед“, год. I, кн. 4, вели: „Во земјата Македонија како одделна целост се јавуваат четири групи особености: Селиштев ги дели на две групи: Западна на запад од Вардар и Црна и југоисточна (на југ од Преспанското и Охридското езеро до Бистрица и областа меѓу Вардар и Струма)“.
Јасно е дека се определуваат границите на Македонија според распространетоста на населението претпоставувајќи ја природната поврзаност на народот со територијата. Согласно се наведуваат сознанијата за населението и неговата распространетост како претпоставена етничка територија. Но значајниот дел од анализата за историјата на македонскиот народ можеме да го поврзиме со протолкувањето на исказот на И. А. Бодуен де Куртене (полскиот славист).
А, тој објаснува дека од зборот „слав“ произлегува името Славјани за Македонците. Но и дека славјанскиот свет го дава името на Славјаните како име кое, всушност, и се чува за Македонските Славјани. Давајќи ги карактеристиките на македонскиот јазик укажувајќи дека централниот македонски народ го има членот кој не е ниту српски, ниту бугарски, покрај другите карактеристики на јазикот какви што се гласовите, акцентот, сврзниците и друго.
Во приложените податоци во тудот се укажува дека за славјанскиот јазик во Костурско и Леринско забележал и еден од најзначајните слависти, французинот, А. Мазон. Како и дека проф. Јорданка Иванова говори за границата на централните говори.
Како за севкупен заклучок за изведените тези во трудот, би се ослониле на исказот од Милован Миловановиќ (во „Дела“, Белград, 1898 год.) а тоа е дека племињата во Македонија, како што вели тој, во седмиот век се самостојни и слободни. Дека тие постигнувале народно единство што упатува дека Македонците има длабоки корени. И дека чувството за тоа, иако исчезнува под турското и српското чувство, се враќа во своето постоечко чувство какво што било пред завојувањето.
Самиот исказ на Милановиќ гласи: „Самостојни и слободни племиња воVII век, вон Србите и Бугарите во Македонија (стр. 279); Македонците кои имале народно единство имаа длабоки корени (стр. 280); Под турското, српското чувство исчезнува и се враќа на своето чувство пред завојувањето“ (стр. 281).
Се наведуваат „Кратката расправа по етнографијата на Македонија“ од Д. Матов.
Се наведува и исказот на С. И. Веркович, 1889, кој вели дека населението не е српско и во кој се определува северната граница на Македонија.
Како што се наведува и исказот на Бизмарк кој во својата реч на Берлинскиот конгрес, 19. II 1878 год., вели дека, покрај „етнографската ситуација и тоа како народот гледа е значајно за создавањето на границите“.
За да се стекне претстава за огромниот број од извори кои се прикажани во трудот од Круме Кепески но како за значајни сознанија, ќе наведеме дека се опфатени и наводи за посебни аспекти за нашата македонска историја. Прикажани се бројни карактеристики за градовите: Скопје, Куманово, Штип, Кратово, Битола, Девол, Кичево, Прилеп, Тетово, Гостивар, Струмица, Мелник, Моглен, Костур, Ќустендил, Дупница, Радомир, Костур, Острово, Зеленик , Горица, Воден, Апостол, Сер, Негуш, особено за Солун: Житие на Димитар Солунски: заземањето на Солун, 676; („Солун во минатото“ од Димитриев, : „Солун е средоточие на цела Македонија“, кн. XLV, 1894; од Теофил Тафеи од 1894 год., за Солун ( „De Thessalonica“); во потоа кај д-р К. Иречек,1882; кај д-р Хенрих Парт, 1862 год. ) и селата Листица, Лонча, Мохама, Несрами, Грамоч, Орестија (наведени се селата според кои се границите на Македонија кај Цвијиќ); Дадени се статистички податоци според M. Kentcheff , „ Популација на Македонија“, 1900 (за Тетово и Гостивар) како статистики од крајот на 19 век па до 1925 година; Податоците на Т. Вестилев за Воденската каза; од В. Канчов, 1898 г. за Скопје, Битола; Rene Pinoh: населението по вилаети.
Поместени се прикази на етнографски карти за границите на Македонија: Картата на целосна Беломорија, Тракија, гравирана и изработена во Стразбург, 1843 година од Алек. Х. Русет; Комаровата карта на словенско население од 1847; картата на Киперт од 1876 година (сите граници); картата од Е. Станфорд.
Наведени се првите печатници во градовите.