Доказите го уриваат обвинението за „27 април“ на секое рочиште

/ 09.09.2020

Дека власта преку судски случаи води политички пресметки, најдобар доказ е обвинението за 27-ми април. Поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се товарат за тероризам, а доказите го рушат обвинението на секое рочиште, пишува скопски Курир во својата анализа за судењето на наводните организатори на настаните од „27 април“.

Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски беа седнати на обвинителна клупа за да им се суди за делото “терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Поранешниот претседател на Собранието во целост го поби обвинението за кое се терети поврзано со настаните од „27 април“. На едно од последните рочишта тој со документи покажа дека имал најмалку десет обиди да закаже конститутивна седница за избор на претседател на Собранието, но оти не биле создадени деловнички услови.

Тој уште рече и дека на пратеникот Зекирија Рамадани морал да му даде збор бидејќи бил заменик координатор на пратеничкка група.

За потсетување, кога Рамадани излезе на говорницата почна да ја пее албанската химна што беше повод незадоволните граѓани да влезат во Собранието.

Вељаноски истакна дека Спасовски од СДСМ бил упорен нивната коалиција да го има претседателот на комисијата за избори и именувања, но оти тоа не било прифатено.

Подоцна тој прифстил и за прв човек на оваа комисија бил избран Илија Димовски, а за заменик Зоран Илиевски, и двајцата од ВМРО-ДПМНЕ.

-На тој начин на 23 март 2017 година се создаде деловничка можност за избор на претседател на комисијата за избори и именувања, потсети Вељаноски.

-Секојдневно држев координации само да се постигне договор, додаде поранешниот спикер.

Тој со докази поби еден дел од паушалното обвинение дека веднаш после процедуралното обраќање на Крсто Муковски кој што ја пеел македонската химна, не му дал веднаш збор на Зекири, туку меѓу двајцата говореле уште тројца пратеници меѓу кои Антонијо Милошоски и Владимир Ѓорчев.

Вељановски презентираше докази дека СДСМ барале седницата од 27 да се одложи за 28 април. Овој поднесок е потпишан од 31 пратеник.

После поднесокот имало координација каде што присуствувале сите координатори на пратенички групи и договориле седницата да продолжи на 28-ми април следниот ден во 11 часот, и тука Вељановски ја завршил седницата на 27-ми.

Вељаноски, како што јасно покажуваат доказите, е “виновен“ дека професионално си ја работел својата работа. Тој имал комуникација со пратениците, што е и негова должност.

Се терети дека дал збор на пратеник, а и тоа е исто така негова работна обврска.

Обвинението на очиглед на јавноста паѓа во вода и е побиено со низа докази, но на Вељаноски уште му се суди, истакнува Курир.


Од истата категорија