Познато е дека високата топлина може да предизвика здравствени проблеми, особено ако се знанимавате со нешто со физички напор.

Во колумбискиот град Санта Марта, популарна туристичка дестинација, лекарот Хулио Салас упати предупредување до граѓаните да се обидат да се воздржат од секс за време на горештините.

Причината за ова необично барање, е дека температурата таму се качува над 40 степени, а лекарска помош бараат се повеќе и повеќе луѓе со срцеви проблеми

Доктор Салас, шеф на Лекарската комора во Санта Марта, смета дека една од причините за овие проблеми е и сексот во топли услови, па затоа тој им препорача на граѓаните да се воздржат од тоа.

– Почекајте до вечер кога температурата малку ќе падне, рече тој, додавајќи: „Ако имате добар клима уред, тогаш не треба да има проблем”.

Тој, исто така, им препорача на луѓето да пијат доволно вода, да се изладат под туш и да избегнуваат прекумерно изложување на сонцето.

.