Од фондацијата „Тоше Проески“ денес го соопштија датумот на промоција на неговиот необјавен албум „Secret place“.

Албумот кој што е изработен во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт ќе биде промовиран на 13 – ти октомври, на денот на концертот посветен на Проески, а на него се наоѓаат седум нови песни и три обработки на познати хитови.

Големиот концерт во чест на Тоше, каде ќе бидат промовирани песните од новиот албум ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје и предвидено е балкански и македонски музички ѕвезди да ги пејат неговите хитови.