Се повеќе и повеќе луѓе го прифаќаат  популарниот предизвик да танцуваат на песната на раперот Дрејк „In My Feelings” додека одат покрај автомобилот во движење.

Но, некогаш предизвикот не завршува со среќен крај, како со русокосата девојка на видеото, која додека танцува ја удира автомобил, а сето тоа го снима нејзината пријателка.

Во втората снимка, можеме да видиме дека девојчето, кое е со видливи повреди и чија облека е натопена со крв, ја носат на носило од брза помош.

Но, подоцна излезе информација дека девојката ја лажирала целата сцена за да стане популарна на социјалните мрежи и да  добие што поголем број следбеници. А во исто време, таа укажа на бесмислените предизвици на социјалните мрежи.