Со 900 милиони евра нов долг, а ниту еден проект, (Димитар) Ковачевски и СДСМ ја фрлаат државата во должничко ропство, се нагласува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение целото соопштение од опозициската партија:
СДСМ ветуваше бесплатно здравство, 600 километри автопат, европска иднина, а испорача долгови, криминал и корупција.
СДСМ не направи ниту еден значаен проект изминативе 5 години, но затоа го дуплираше јавниот долг.
СДСМ ја краде иднината на генерациите што допрва доаѓаат, затоа што наместо раст и развој генерира долгови кои треба да се враќаат во наредните децении, а притоа не за развој, туку за покривање на криминалот и неспособноста.
Овие 900 милиони евра можеа да се инвестираат во капитални инвестиции и нови проекти, но заради СДСМ одат на покривање на дупките од нивната неспособност.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ