Родителите на поранешниот премиер на Италија, Матео Ренци се во домашен притвор поради измама и предвремен банкрот на компании.
Нивниот адвокат ја нарече мерката како „апсурна“.
Постојат сомневања дека Тицијано Ренци и Лаура Боволи издавале фалсификат фактури. Тие се во домашен притвор за да се спречат евентуални манипулации и уништување докази.
– Имам голема доверба во италијанскиот судски систем. Немам трпение да почне судскиот процес, наведе на Фејсбук 44-годишниот Матео Ренци. Тој беше прмеиер на Италија од февруари 2014 до декември 2016 година.