Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во петокот беше награден со почесен црн појас во теквондо, со што го постигна највисокото ниво во оваа боречка вештина.
„Претседателот на ’Кукивон‘ (Светската теквондо академија со седиште во Јужна Кореја, з.п.), Ли Донг-суп на 19 ноември на Флорида му додели почесен сертификат на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Поранешниот претседател Трамп рече: ’Чест ми е што го добив сертификатот, мислам дека теквондото е прекрасна боречка вештина за самоодбрана. Би сакал да видам демонстрација на теквондо тимот на Кукивон‘,“ се вели во соопштението.
Сѐ тоа привлече разни коментари на интернет-просторот. Некои луѓе го одобруваат потегот, но повеќето негодуваат, а некои и се потсмеваат со оваа новина.