Во експресна постапка, пред малку, Собранието на РМ ги донесе амандманите на Уставот на РМ, со кои државата се преименува и станува Република Северна Македонија
Истовремено, сменета е и Преамбулата на Уставот при што од неа е исфрлен АСНОМ, а е вметнато соопштението од Заседанието на АСНОМ.
Измените на Уставот се вршат согласно Договорот од Преспа со Грција.
Собраниетоги истовремено и ги прогласи амандманите, со што тие се објавуваат во Службен весник и стапуваат во сила.