-Првиот мој впечаток откако дојде оваа влада е дека имаат целосно непознавање на феноменот нација и национално чувство, значи тоа се луѓе кои што немаат појма и прашање е дали имаат некакво национално чувство кај себе си, затоа што ако имаш некаков патриотизам по инстинкт ќе реагираш. Овде немаше такво нешто. Такви луѓе можеш многу лесно да изманипулираш решете го ова, решете го она, па и некои вчера гледам почнаа да плачат дека Европа ги изневерила, истакна Јован Донев, професор и поранешен амбасадор во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ со Љупчо Цветановски.
Донев во текот на своето гостување зборуваше за Преспанскиот Договор и Договорот со Бугарија и посочи дека јасно се знаело дека со овие договори не постојат никакви гаранции, но власта немаше слух за тоа.
-Кога сите ние кои бевме против Преспанскиот договор и Договорт со Бугарија и јасно кажавме дека не постојат никакви гаранции, дека тоа што е потпипашано, дека тоа што го ветуваат странските лидери ќе се исполни, никој не не слушаше. Јас мислам дека има луѓе кои сериозно одработија за интересите на Грција за Преспанскиот Договор, сериозно сега работат и за Бугарија инаку не може да се најде друго образоложение за сето ова што ни се случува. Не сум баш сигирен дека нашиот државен врв се потрудил барем десетина книги од историја и теорија на меѓународни односи да прочита и да научи нешто од историјата на другите држави за да се согледа што се случува во регионот, да знае како функционира регионот и затоа сето ова ни се случува, нема тука друго образоложение, додаде Донев.
Што се однеусва на посетата на Заев на Брисел, тој смета дека таа била со цел поправање на неговиот имиџ дома, бидејќи нема логика да се оди тау каде што бил Пендаровски пред само две недели и кога се што имало да се каже било кажано тогаш.
Јас во неколку наврати имам кажано на она што се однесува на нашата дипломатија и на нашата надворешна политика и може да се каже дека македонско-надворешната политика е траги-комедија, тоа е трагедија за граѓаните, комедија е за странските надлудувачи. Главните креатори на надворешната политика на Македонија најверојатно или не се целосно посветени или се работи за толкав капацитет на луѓето што работат таму и затоа ни се случуваат вакви работи какви што ни се случуваат. Не треба да очекуваме некои изненадување во однос на сегашната посета на Заев во Брисел, ниту понатаму, ниту претходно. Тоа е константа. Се што може да направиме ќе направиме на наша штета затоа што едноставно не сакаме да прифатиме дека целиот систем не функционира, не е способен да се соочи со предизвиците кои секоја една држава ги има во меѓународните односи. Тоа или не можат да го разберат или не сакаат да го прифатат, рече Донев.
Донев во своето гостување истакна дека посетата на Заев во Брисел претствувала поправање на неговиот имиџ во државата и немала никаква врска за почеток на преговори.
-Имајте во предвид дека посетата на Заев доаѓа две недели најмногу после посетата на Пендаровски, тоа е комплетно неприфатливо во дипломатијата. Ако претседателот пред две недели бил во Брисел и разговарал со врвните луѓе во Брисел, нема зошто премиерот да оди, едноставно што имало се кажало на тие средби и од тие средби сигурно се циркулирале белешки. Тоа е една работа. Втора работа е нема што ново да се каже, точките за разговор на претседателот и премиерот ги подготвував нашето министерство за надворешни работи, не може вие да смислите нова точка за две недели на премирот, нешто ново да се случило за да тој мора лично да оди. Така да оваа негова посета беше чисто поправање на неговиот имиџ во Република Македонија,немаше никаква врска со преговорите и немаше никаков допринос да даде, а исто така беше адресирана кај луѓе со кои нема за што да се разговара. Брисел не одлучува дали ќе почнат преговори со Македонија или нема да почнат, одлучуваат земјите членки на ЕУ, додаде Донев.