Најмалку две лица загинаа, а четири се ранети во денешното украинско гранатирање на градот Доњецк, изјави портпаролот на градската воена управа.
– Четири лица се ранети, а најмалку двајца се убиени. Спасувачките тимови бараат тела под урнатините, изјави тој за руските медиуми.
Според соопштението на канцеларијата на локалната воена команда, судејќи по обемот на уништувањето во нападот бил употребен американскиот ракетен систем „ХИМАРС“.