Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт денеска поднесе оставка до канцеларот Олаф Шолц, информира таа во соопштение за печат.

– Фокусирањето на медиумите на мојата личност веќе неколку месеци не дозволува воспоставување односи и објективни разговори за војниците, Бундесверот и насоката на безбедносната политика во интерес на германските граѓани, се вели во соопштението на Ламбрехт.

Таа додаде дека напорната работа на војниците и на многу луѓе во нејзиното министерство мора да биде во прв план.

Сè уште не е објавено кој ќе ја замени.

Ламбрехт (57) беше министерка за одбрана од назначувањето на Шолц како канцелар во декември 2021 година.