Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, ОКТА го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6-ти април, годинава.

Дополнително, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар и истиот ќе стапи во сила од денес, 24-ти март 2026 година.

-Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има за цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава. Трговците на големо и мало имаат целосна слобода самостојно да ги дефинираат своите цени, согласно нивната комерцијална политика. Со продолжувањето на мерката и засилената поддршка за дизелот, компанијата повторно ја потврдува својата посветеност кон стабилноста на пазарот, сигурното снабдување и долгорочното партнерство со трговската мрежа во Република  Македонија, велат од ОКТА.