Пишува: Блаже Миневски
Група неупатени, но добро платени „експерти“, редовно, па дури и во специјални емисии на „разузнавачки“ телевизиски канали, тврдат дека Македонците се Словени, дека се доселени од „зад Карпатите“, користејќи трски за дишење за време на преминот на Дунав, и дека како доселеници мора да се откажат од антиката, односно од автохтоноста на овие простори. Притоа воопшто, барем интимно, како да не си ги поставуваат прашањата за тоа кои се Словените, како дошле на Балканот, кој ги предводел, колку време им било потребно со воловски запреги да дојдат до Македонија, со какво вонвременско оружје располагале за да ги победат староседелците на целиот Балкански полуостров, зошто нема ниту едно име на предводник во преселбата, какви што има за секој поход на разни народи на Балканот пред Големата преселба но и подоцна?
Или, зошто нема никаква материјална трага од Словените меѓу 6-от и 9-от век? Според историчарите кои не се сомневаат дека Словените навистина дошле од „зад Карпатите“, најголемата маса од околу 300 000 Словени на Балканот се доселила во 626-та година. Значи тргнале пролетта 625 година и за една година, односно за околу осум месеци, колку што може да се патува пред да падне зимата, поминале близу 1 500 километри, препливале десеттина големи реки, меѓу кои и Дунав, а потоа се населиле каде што им душа сака, каде што си одбрале место за живеење. Од друга страна, оние што се сомневаат во тоа, отворено се прашуваат со каква воена сила располагале Словените, кога само за една година поминале толкав простор, скршувајќи го за миг отпорот на староседелците. Како е возможно старите жители на Балканскиот Полуостров одеднаш да исчезнат, дури и ако се прифати претпоставката за нивно тотално истребување од страна на доселениците за многу кратко време, а притоа останале старите називи на планини, реки, ридови, потоци, мочуришта, извори, пештери и слично. Зошто новодојденото население прифатило такво мноштво туѓи називи од своите претходници, кои немилосрдно ги истребувале и прогонувале?
Ако доселениците можеле да искажат таква омраза кон староседелците, сметаат овие истражувачи, тогаш врз која основа го прифатиле нивното јазично и културно наследство? Ако пак доселениците прифатиле некаков период на заеднички живот во кој успеале да ги научат и усвојат сите називи и обичаи на староседелците, тогаш каква е таа монструозност што ги натерала да ја обноват првичната омраза претворајќи ја во геноцид?
Невозможни претпоставки за масовна преселба на цел еден народ!
Според ставот на официјалната историја, кој се уште е доминантен и во Македонија, Словените се доселиле на Балканот во релативно краток период кој обично се сместува меѓу 5-ти и 7-ми век. Ваквата претпоставка се базира на еден запис од 10 век на византискиот цар Константин VII Порфирогенит, според кој главната преселба се случила во 626-та година. Токму на оваа „историска вистина“ се „лепат“ речиси сите балкански „официјални“ историчари, специјалисти за тој период, модифицирајќи и отфрлајќи ги фактите што не се вклопуваат во таквото сценарио. Сепак, доколку прифатиме дека вакво масовно доселување навистина се случило, тогаш мора да претпоставиме дека тоа секако морало да предизвика драстични етнички и културни промени на Балканот, иако не се знае како „доселениот народ“ ги избегнал сите асимилаторски процеси во моќното византиско царство без да има пред тоа формирано некаква значајна државна формација.
Притоа, доминанатната „преселничка историографија“ воопшто не обрнува внимание на техничките претпоставки за една толку масовна преселба на цел еден народ. Според м-р Драгољуб Антиќ, магистер по нуклеарна физика и автор на околу 170 научни и стручни студии од својата струка, експерт за нуклеарнa енергетикa – инжењер по електротехника, соработник на Институтот за нуклеарни науки во Винча и редовен член Руската академија за наука и уметност во Санкт Петерсбург, постојат многу нелогичности во физичко-техничката изводливост на преселбата на Словените низ предели испресечени со големи планини, пустини, реки и мочуришта. Притоа физичкото преселување на населението од едно на друго место подразбира цела низа предуслови и техничка опременост за реализација на преселбата, а потоа и за успешно населување во новата средина.
Во секоја селидба не учествува само населението што се сели, туку, во голема мера, и населението што останува на местото на тргнувањето, потоа тука е домицилното население на териториите преку кои се случува преселбата, како и населението меѓу кое доселениците се сместуваат. Фактот што голем број топоними на Балканот се многу постари од 5-7 век зборува дека тие се наследени од староседелците, зашто наследување на топоними не е возможно ако некој народ се доселува во испразнети или минорно населени простори. Значи, наследените топоними се доказ дека морал да постои долг период на мирен соживот и јазичко проткајување. Меѓутоа, колку и да тврдат западните авторитети дека при големите преселби на народите настануваат големи мешања на населението и создавање на нови народни амалгами, а притоа неброените диви орди доаѓаат од некои недефинирани степи и северни пустари, каде што воопшто немало услови за опстанок на толку бројно населенјие, сепак не можат да не убедат дека таквите преселби се физичко-технички изводливи.
Еве, да замислиме преселба од пределот „негде зад Карпатите“ со која маса од 100 000 до 300 000 земјоделци со комплетните семејства, и со сето она што ги чини етничка група и организирана економско-политичка заедница, еден убав пролетен ден во 626-та година, тргнува на југ и се населува на Балканот во области на медитеранска клима. Патем мора да се знае дека тоа е население што живее од земјоделие, а тоа значи дека е поврзано со земјата, гробовите на претците, родовско-племенската организација и некаков организиран систем на одбрана од разбојници и освојувачи.
Се разбира дека сето тоа ја гуши желбата за преселба, па логично е таа да биде предизвикана со мотиви кои се појаки од наведените врски со родната грутка. Од друга страна, една заедница од неколку стотина илјади лица по правило троши толку храна за луѓето и за стоката колку што ќе произведе, зашто во спротивно вишокот на храна би пропаднал, па нема никаква смисла да се вложува толку тежок труд без потреба. Ако пак има вишок на храна, тоа делува на растот на наталитетот, а тоа го поништува вишокот на храна.
Како и да е, масовната преселба на земјоделско население подразбира неопходност, освен вообичаената резерва на храна, да се обезбеди и храна за барем уште една година однапред. Тоа значи дека е потребна барем двојна годишна резерва на храна на ниво на заедницата, но ако има можност за такви резерви на храна, тогаш каква е потребата од преселба.
Сепак, доколку претпоставиме дека и покрај се овој народ решил негде да се пресели, тогаш се поставува прашањето за транспортот на храната, опремата, алатките, облеката, реликвиите, стоката, живината и друго. Ако едно семејство од тоа време имало по 30 члена во три генерации, тогаш барем неколкумина од нив не се во состојба да поминат пеш пат од 1000-1500 километри. Значи, потребни се запреги за транспорт на овие лица, но и за резервите храна што се носат, па лесно може да се пресмета дека за едно семејство од 30 членови потребни се во просек 5 тешки запреги со по 4 коњи или волови, или дури 50 товарни коњи, ако семејството нема ниту една запрега.
Математички грешки во „пишувањето“ на историјата!
Во сите воени енциклопедии, почнувајќи од римските легионери до денес, стои дека дневниот оброк по војник е тежок од 500 до 1000 грама. Значи, дури и ако се користи оброк само за преживување, односно да се зема храна во тежина од околу 300 грама, за 500 дена, до првата жетва во новата татковина, неопходно е секое семејство од 30 члена со себе да понесе околу пет тона сува, концентрирана храна. Ваквата исхраната во тек на 18 месеци, ако воопшто е возможна, сигурно би довела до масовни болести. Сточната храна, пак, која исто така е неопходна, повеќекратно е потешка од храната за луѓето. Само за исхрана на еден коњ потребни се дневно меѓу три и пет килограми зоб и околу пет килограми сено.
Егзактните податоци од оваа област говорат дека просечен товарен коњ може да носи околу 100 килограми товар, а литературата за старите Словени тврди дека нивните преселнички коњи биле високи од 123 до 148 сантиметри. Запрежен коњ на добар и рамен пат може да влечи товар со тежина која е трипати потешка од нивната тежина.
Опсадата на Солун
Оттука, лесно може да се пресмета дека за потребите на преселбата, едно словенско „задкарпатско семејство“ од 30 члена треба да има пет тешки двоколки со по 4 влечни коњи или волови, или, доколку нема запрега, да поседува дури 50 товарни коњи! Факт е дека ваква ергела коњи не можело да има ниту едно тогашно семејство. Освен куп храна секое семејство морало да располага и со огромен возен парк од запреги со многу запрежни грла. Ако секое семејство има толку храна, стока, запреги, коњи, свињи, овци и кози, тогаш каде е мотивот за преселба на огромно растојание и во непозната средина?
Секако воопшто не треба да се пренебрегне фактот дека движењето низ непозната средина, со толку стока и храна, всушност е потенцијален плен на разбојници, па потребно е меѓу 10-30 000 војници за заштита, од кои барем неколку илјади коњаници, кои, се разбира, исто така, се товар на семејствата. Или, ако се знае каква габаритна колона е колона од 300 000 луѓе, се поставува прашањето со која брзина и колку долго колоната ќе се движи кон целта? Значи, ваква масовна преселба за толку кратко време едноставно не е возможна.
Сепак, за да видиме колку тој потфат навистина е неостварлив ќе се послужиме со сводоштвото на Карл Фон Клаузевиц, пруски генерал кој во 1812 година влегол во Русија и се борел против Наполеон. Според него, еден организиран марш на голема воена формација подразбира брзина на движење од 45 милји за 10 дена. И тоа, се разбира, е одлична брзина на движење за тоа време. Но, колоната на Словените што тргнале кон Балканот не е воена формација, па брзината на движењето на ваква колона е само неколку километри дневно. Ако за оваа преселба биле потребни да се поминат околу 1000-1500 километри, јасно е дека за тоа се потребни најмалку околу 200 дена без поголеми несреќи. Дури и ако народот се движи во една организирана формација, иако нема ниту едно име во историјата што останало забележано како водач на ваквата преселба, колоната би била долга околу 1000 километри, затоа што секое семејство би зазело околу 100 метра со своите запреги, крупна и ситна стока.
Може да се замисли каква колона е тоа, всушност жив мост кој го спојува местото на тргнување со местото на пристигнување. Или, додека едните уште би тргнувале, другите веќе би стигнале, на пример, во Стоби, Марвинци или Прдејци! Дури и ако би се организирале десет паралелни колони, а тоа е невозможно, зашто нема таква ширина на просторот низ кој се движеле, должината на секоја колона би била по околу 100 километри. Оттука би биле потребни околу 30 дена секој дел од колоната да ја помине замислената линија на својот пат кон Балканот. Ако пак колоната минува низ еден предел во тек на 30 дена, тогаш јасно е дека трева за испаша на стоката може да има само доколку колоната се развлече во ширина, а тоа треба да биде простор од околу 20 километри, кој би требало да се задржи во текот на целото патување.
Со вакво покривање на просторот би била опустошена, односно збришана секоја тревка и грмушка на површина од околу 150 000 квадратни километри, или простор кој е шестпати поголем од вкупната површина на денешна Република Македонија. Притоа проблемот со вода за пиење воопшто не е земен предвид од страна на „официјалните историчари“ кои тврдат дека Словените се доселиле од зад Карпатите токму на Балканот.
Да се напои со вода толкав народ и стока потребно е да се располага со вода за пиење на секои неколку километри, зашто нема никаква можност толкаво количество вода да се носи во запрегите. Слично е и со дрва за готвење и слично.
Преселбата е утопија измислена од западноевропските историчари!
Сепак, да претпоставиме дека овие храбри преселници сите реки на патот ги совладале со пливање, со скелиња или со прегазување, но потоа пред нив доаѓа Дунав. Што со Дунав? За да се зборува за поминување на Дунав со трски за дишење треба да се знаат неколку општи податоци. Имено, Дунав само во должината низ Србија, на пример, има длабочина од 1,8 до 21 метар, и ширина од 380 до 2000 метри. Од Ѓердап низводно Дунав е длабок 7 метри и широк околу 2600 метри. Во вливот тој во просек е широк околу 15 километри. Од Будимпешта до српската граница, особено на левата страна од Дунав, има повеќе мочуришта во ширина од 5 до 10 километри.
Значи преминот преку Дунав воопшто не е наивен потфат ни денес, а не пак пред 1400 години. Коњаниците во тоа време за премин на реки користеле надуени мешини од разни животни. Во некои учебници се оперира и со некаков премин преку замрзнатиот Дунав. Останува секако и романтичарската верзија дека Словените го поминале Дунав со движење по дното, дишејќи со трски истопорени над нивото на водата. Оваа верзија се разбира е сосема неверојатна, затоа што ширината на реката од неколку стотина метри, длабочината од повеќе метри, големиот мил, густата подводна трева и бројните вртлози и вирови сосема ја исклучуваат како можност. Останува најреално тоа да се стори со пловни средства, зашто чамците и сплавовите биле единствена можност во тоа време да се помине од едниот на другиот брег на Дунав.
Карта со која Србите го опишуваат доаѓањето на Словените во Ниш
Но, за превоз на 10 000 семејства потребни се околу 300 сплавови за да може превозот од едниот на другиот брег да се заврши за околу еден месец. Дури и ако претпоставиме дека системот бил многу организиран, потребни се многу дрвена граѓа и илјадници мајстори за да се реализира тој потфат. Сепак, и доколку Дунав некако се помине, следат барем уште месец или два за да се стигне до Македонија. И, по сите маки и искушенија, на целта, значи на Балканот, најпосле би стигнале во најдобар случај околу 100 000 луѓе. При таква бројна состојба целата преселба е бесмилена затоа што така мала група население нема доволно моќ да освои територија за населување.
Значи, според досега извршените и објавени пресметки, техничко-физичката поминување на 1500 километри само во текот на 626-та година е сосема невозможна, всушност тоа е утопија измислена од западноевропските историчари за да се поништи континуитетот на балканските народи. Имено, тој потфат не само што не е логичен, туку е и налудничав, зашто практично нема техничко-физички услови да биде успешно реализиран.
Поводот за да се измисли една ваква преселба е сумблимиран во тврдењето на Александар Фомич Вељтман дека сите народи на Балканот имаат предантички, антички и средновековен континуитет на истиот простор каде што се и ден денес. Тој, анализирајќи ги записите на Тацит пасус по пасус, наоѓа логични врски со таканаречените словенски племиња дури и во случај кога се работи за наобични називи и привидно неразбирливи описи. Називите на тие племиња официјалната историја ги игноирира, или ги препишува на некои изумрени племиња.
Вељтман докажува дека зад бројните варијанти на племенски имиња, кои често се модифицирани со превод на значењето на странски јазици, како грчки, латински, германски, готски итн., всушност стојат стари, автохтони балкански народи. Со овие племиња, кои се поклопуваат со локацијата на таканаречените словенски доселени племиња, се докажува континуитетот на ист народ со илјада години, иако современата западноисториска наука воведува бројни нелогични имиња на племиња со неразјаснети потекло, наоѓајќи за целиот тој хаос едно соломонско решение – голема преселба на народите! Значи, таква преселба немало.
Според тоа, смешно е да се пелтечи дека Македонија се антиквизирала; Македонија не може да се „антиквизира“; Македонија може само да се „словенизира“ според веќе спомнатото „соломонско решение“ на западноевропската историографија!