Во фабриката ОХИС во Скопје истекува високо токсична и опасна материја -матенол, објави денеска порталот Досие.

Според првичните неофицијални информации на овој портал при преточување на цистерна неконтролирано почнало да истекува токсичната материја.

За хаваријата била известена полицијата која, како што објавува Досие, прави координација со сите институции кои имаат соодветна опрема за да се справат со хавријата. Засега нема информации дали ќе се врши евакуација на локалното население ниту дали се известени дека во нивна близина истекува опасен токсичен материјал.

Метанолот е токсична материја која во допир со организмот и во мали количини предизвикува трајни последици.