Пациент од Битола бил пратен во Прилеп за да му биде ставен катетер. Ваквиот чекор на битолските доктори е причина за остра реакција од страна на нивните колеги во Прилеп. Во специјалистичкиот извештај, докторот и се обраќа и на директорката на Клиничката болница „Битола“ и ѝ посочува дека крајно време е да преземе мерки. Во извештајот чија фотографија ја доби Алфа во делот за препорака за упатство за понатамошно лекување, прилипскиот доктор напишал: За срамота, при 10 хирурзи во клиничката болница Битола, се праќа пациент во Прилеп за поставување на катетер со ретенција. Крајно време е директорот да си превземе мерки и повеќе да не се случуваат вакви работи. Здравството во Битола, го допре дното.
Директорката на битолската клиника одговор за ваквиот скандал, испрати преку својот тим за односи со јавност, известува АЛФА. Најпрво кажа дека не е запознаена, а откако ја видела фотографијата од извештајот, потврди дека лицето било испратено во Прилип и било во специфична состојба.
Причината поради која беше пратен при Општа болница Прилеп е да истиот биде понатаму прегледан и третиран од доктор специјалист уролог, со цел да се спречи понатамошна компликација на неговата специфична состојба, која може да биде и живото-загрозувачка“, вели Ивона Трифунов – лице за односи со јавност при ЈЗУ Клиничка болница Битола.