Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, информираше УХМР.

Пообилни врнежи ќе има во источните делови, каде ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне и во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во недела времето ќе биде облачно со повремен локален дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, а претпладне на места засилен северен ветер“, наведено е во соопштението.

Од УХМР јавуваат дека од понеделник ќе настапи стабилизација со сончево и значително потопло време.