Патниот правец Градско – Прилеп кој беше блокиран од рано изутрината конечно е прооден.

Центарот за управување со кризи предмалку информараше дека тој е пуштен во двата правци.

Градско – Прилеп беше непрооден поради излевање на Реачка Река, но и поради свлечиште.

Потешкотии на патот имаше уште вчера вечерта, но АМСМ доцна синоќа соопшти дека од 22 часот патниот правец бил прооден, но поради обилните дождови проблеми има и денеска.