Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Кон крајот на денот и во ноќните часови ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи, особено во северозападниот дел од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 20, а  дневната од 24 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево со умерен, на моменти засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Во вторник и в среда ќе има делумно зголемување на облачноста и појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.